..::Книги::..
Ve molime da se logirate!

..::Книги::..

Македонски Форум за литература
 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Keywords
Latest topics
» Жан Пол Сартр
Чет Дек 17, 2015 9:26 pm by GOD

» Што мислите за Буковски?
Чет Дек 17, 2015 9:25 pm by GOD

» Гавранот - Едгар Алан По
Чет Дек 17, 2015 9:15 pm by GOD

» Online после 8 години!
Чет Дек 17, 2015 9:14 pm by GOD

» Sugarfx Light Pack 3.0
Вто Мај 06, 2014 12:07 am by Гостин

» Bread And Wheat.rar
Пон Мај 05, 2014 11:23 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» itnoo!
Вто Апр 17, 2012 3:01 pm by dreamer

Септември 2017
ПонВтоСреЧетПетСабНед
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930 
CalendarCalendar
Top posting users this week

Share | 
 

 Гавранот - Едгар Алан По

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 31
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Гавранот - Едгар Алан По   Пон Ное 05, 2007 2:33 am

Мрачниот и меланхоличен Едгар Алан По.
Човекот кој го отпочна симболизмот 20 години пред официјално да стене правец во литературата, предводен од Шарл Бодлер (кој бил голем фан на Едгар Алан По).
За биографијата на По, нема да ви пишувам. Човекот бил гениј под дејство на алкохол,опиум и што ти не Smile

Еве само една негова поема.



Гарванот


Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, - чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.

Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.

А завесата од свила, в пурпур сета што се слила,
грозен шун во себе скрила. На ужас се чиниш створ!
Па срцето дури бие, јас го молам да се свие:
„Некој гост е пти се крие пред портата однадвор –
доцен гост е што се крие пред портата однадвор” –
Тоа сал и ниту збор!

Веднаш срдито се вденав, мигум својот глас го кренав:
„Човек ли сте или жена, простете е мојот збор;
врз клепкиве дремка стежна, а пак вие в ноќва мрежна
тропнавте со усет нежна на вратата однадвор” –
тоа реков, порти ширум отворив и пратив взор –
Надвор мрак и ниту збор!

Длабоко во мракот страшен долго стоев втренчен, вџашен,
сонувајќи сон незнаен ни на еден смртен створ;
Спокој секаде се свлече, мирнотија в ноќта тече,
збор единствен што се рече беше тажен, шепнат збор,
збор, Ленора, што низ ехо се врати одговор.
Тоа сал и ниту збор.

В собата штом дојдов назад, сетив: морници ме лазат,
зачув некој како чука пак со удар тап и спор.
Па си реков: „дај, ќе идам до прозорецот, да видам,
треба сигурен да бидам таен ли е некој створ!-
Да се смирам сал за малку од тропнежот однадвор”-
Вон сал ветер развигор.

Панѕурите штом ги турнав, прекумене нешто јурна,
низ прозорецот се втурна Гарван горд до темен взор.
Ни да климне глава само, ни да запре в таа штама,
но со лик на лорд ил’ дама к’о што дојде однадвор,
врз бистата на Палада, над вратата, овој створ
претна, седна и ни збор!

И со таа птица света, што пред малку тука сета
одважна и строга сета, почнав чуден разговор:
„Бувка немаш да се реси, сепак плашлива ти не си,
грозно, страшно сениште си, Брегот ноќен ти е двор –
речи, какво име носиш в Плутоновиот ти хор?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Станав плен на почудица, кога таа грда птица
ја чув како зборна в мракот сосем јасен одговор!
Никој смртен жив створ вака, среде глува ноќна мрака,
не чул птица да му грака и да му праќа огнен взор –
птица или друга лишка да му праќа огнен взор
со збор еден: „Nevermore!”

Гарванот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе ни да каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Изненаден, мигнум трепнав, од одветот негов сепнат,
„Сомневање нема”, шепнав, „Се` е тоа празен збор”.
Од несреќен стопан сметен, кого пропаст го сплете
и го следи уште, ете, до песните преумор,
тажачките песни, пирпев на Надежта непрегор
од вечното: „Nevermore!”

Но Гарванот грак што срони, макар тажен, в смев ме гони,
па на столот седнав сонлив со втренчен во него взор;
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една,
мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ?
Овој кобен страшен хишник каков ли е судботвор
со своето: „Nevermore!”

В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,
без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”

Одненадеж, ми се чини, мирис воздухот да прими
божем крилни серафими кадат тамјан беспрекор;
„Страдалнику”, реков тогај, „Ова дар ти е од бога;
по ангели тој ти прати мир и непент којто мати.
Испи го и тогај мора да за заборавиш Ленора!”
грак се слушна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Сеедно е кој те пратил! Сотона ли, друг ли створ!
Полн со очај, смел ил’ злобен, дојден ваму в крајов кобен,
в дом кај што цари ужас гробен, дај ми искрен одговор:
речи, дали гилеада има цер за тој што страда?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

„Пророку!”, му реков право, „птица ли си или ѓавол!
Те колнам во тој што в светот владее над секој створ„
Речи и` на мој’ва душа, која јадови ја гушат,
дали повтор ќе ја гушка Ленора со љубен вор?
Дали пак во далек Еден ќе прегрне свиден створ?”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,
птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”

А Гарванот ни да претне, ниту пак за миг да летне
oд бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
~Taмарче~

avatar

Female Број на мислења : 4
Age : 28
Локација : ...In da middle of nowhere...
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Пон Ное 05, 2007 4:58 am

Песната е нешто фасцинантно. На почеток многу неразбирлива, за потоа лесно да заклучиш дека помеѓу тие тој збор Nevermore, стои испреплетената судбина на еден човек кој упорно се обидува да дознае каде е неговата љубена, поставувајќи му прашања на гарванот, и надевајќи се дека можеби тој ќе му одговори.
Но,сето она што тој го почувствува кога ја виде црната птица, веќе беше во него, а гавранот само помогна сите тие емоции да излезат од него.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 31
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Пон Ное 05, 2007 5:00 am

Мислам симболиката отиде и подалеку. МИслам дека не ни...халуцинираше. Гавранот има симоболика на птица на смртта. Тој ја прашува смртта...

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
Дамјан

avatar

Male Број на мислења : 2
Age : 27
Локација : дома
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-04

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Пет Јан 04, 2008 3:11 am

токму така, фасцинантно. инаку "Авантурите на Артур Гордон Пим" од По ми остави огромен впечаток (за разлика од останатиот дел од класот Smile). Инаку типов чинам беше заљубен во 11-12 годишната му братучедка (ако грешам поправете ме).
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 31
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Пон Јан 21, 2008 5:35 pm

Дамјан напиша:
токму така, фасцинантно. инаку "Авантурите на Артур Гордон Пим" од По ми остави огромен впечаток (за разлика од останатиот дел од класот Smile). Инаку типов чинам беше заљубен во 11-12 годишната му братучедка (ако грешам поправете ме).

Не сум сигурен за годините, ама знам дека бил заљубен во неа. Што се однесува за Авантурите на Артур Гордон Пим...искрено ...книгата ме отепа! Имам читано секакви состави од По, „Црната Мачка“... ама ова...нах...не ми се допаѓа.

Знам во средно одевме до таму да изнајмуваме книги од други писатели, да ја анализираме симболиката на водата.

Тука се судрив со професорката. Можеби човекот сакал да напиши за една обична за него авантура со бродоломи итн Smile

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
jelena



Број на мислења : 1
Репутација : 0
Registration date : 2009-02-21

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Саб Фед 21, 2009 3:22 pm

ke saka li nekoj da mi prati nesto povekje za ovaa kniga poso pravam pismena u skolo bas za ovaa kniga pa ako ima nekoj sosotav neka mi go prati na mail mn ke mu bidam blagodarna
mojot mail e eci17@live.com
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 31
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Чет Фед 26, 2009 6:23 am

Ух, што ти треба конкретно?

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
Roler



Број на мислења : 1
Репутација : 0
Registration date : 2010-10-24

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Нед Окт 24, 2010 11:58 am

Помош за Гарванот,тема Смртта на љубената - безнадежност на поетовата болна душа
Благодарам
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 31
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   Чет Дек 17, 2015 9:15 pm

Roler напиша:
Помош за Гарванот,тема Смртта на љубената - безнадежност на поетовата болна душа
Благодарам

Каква помош ти треба? Состав да напише некој? lol! lol!

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Гавранот - Едгар Алан По   

Вратете се на почетокот Go down
 
Гавранот - Едгар Алан По
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
..::Книги::.. :: Поезија :: Поеми-
Отиди до: