..::Книги::..
Ve molime da se logirate!

..::Книги::..

Македонски Форум за литература
 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Keywords
дела состави
Latest topics
» Жан Пол Сартр
Чет Дек 17, 2015 9:26 pm by GOD

» Што мислите за Буковски?
Чет Дек 17, 2015 9:25 pm by GOD

» Гавранот - Едгар Алан По
Чет Дек 17, 2015 9:15 pm by GOD

» Online после 8 години!
Чет Дек 17, 2015 9:14 pm by GOD

» Sugarfx Light Pack 3.0
Вто Мај 06, 2014 12:07 am by Гостин

» Bread And Wheat.rar
Пон Мај 05, 2014 11:23 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» itnoo!
Вто Апр 17, 2012 3:01 pm by dreamer

Ноември 2017
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
CalendarCalendar
Top posting users this week

Share | 
 

 Кратки состави

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Марија

avatar

Број на мислења : 3
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-07

ПишувањеПредмет: Кратки состави   Пет Ное 16, 2007 8:17 pm

Секогаш кога ќе помислев дека сум сама и дека единственото нешто што го имам е само мојата мисла, се наоѓаше некој да ми ја разниша хармонијата, всадувајќи ми чувство на сооднос и соживот со светот...но кратко по тоа, се случуваше да неможам да престанам да размислувам дека кој и да се обидел да тропне на вратата од мојата душа, згрешил и си заминал, а во мене оставил да тлее еден жар кој подоцна се распламтува во оган на разнишана самодоверба, која ме уништува долго после тоа...
Се обидов да закрепнам, се обидов да избегам, сакав повторно да сум сама, за да не згрешам и за да не дозволам да ме допре топлината на огнот кој упорно гори...но колку повеќе бегам колку се одалечувам, толку повеќе го разгорувам тој оган кој ми создава изгореници од трет степен, манифестирајќи рани, длабоки рани кои ме печат и се уште ми создаваат чувство на онаа пеколна жештина...решив да застанам и да не бегам повеќе, да не се одалечувам од себе...решив...како незнам...најверојатно затоа што немам сила повеќе да бегам од себеси и од она што сум...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Марија

avatar

Број на мислења : 3
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-07

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пет Ное 16, 2007 8:35 pm

Ги затворив очите и помислив на тебе...одлетав...избегав во височините каде само ти умееш да владееш, таму е твоето место, таму припаѓаш ти...Се запрашав дали има место и за мене покрај тебе, се обидов да те достигнам, но преголеми се твоите чекори, брзам за да те достигнам...и оддеднаш ми подаде рака, ми помогна да те следам, да те пратам во секој твој чекор, ме носеше на места кои ги немав видено, слушнав мелодии кои ги немав чуено...направив дела кои го сменија светот...благодарејќи на она големото што во себе го носиш, на човечноста со која ме огреваш, на добрината со која ми го осветлуваш патот...покрај тебе научив да летам во предели кои се населени со луѓето кои незнаат за убавината на искреноста и вистината, летав и сеев од магијата на љубовта, а таа како магичен прашок се лепеше во респираторниот систем на остатокот од живиот свет, продирајќи како честичка толку ситна, во нивните души кои беа толку малечки и оддеднаш пораснаа...сето тоа само заради крилјата кои ти ми ги даде, со кои ја достигнав висината на великанот кој само со добрата мисла успеа да го промени светот...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Марија

avatar

Број на мислења : 3
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-07

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пет Ное 23, 2007 3:03 am

Молк...коцка празна која се нарекува соба, ладни ѕидови...темнина...а студот ме обвива како да е последното руво на планетава...несакам, без сила се противам да излезам од овој кошмар...сакам да го видам сонцето, а не оваа магла што ме гуши и не ми дава да го дишам воздухот кој ми го носиш ти од далечината, а ни ликот неможам да ти го видам...потонав во солзите свои, ќе ме снема ли засекогаш ако не пружам отпор давајќи ја последната капка сила во мене?...
Ќе се разбудам кога новото утро ќе стигне...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пон Јан 21, 2008 2:16 pm

Машина


Полноќ. Излегов на дождливото време да ми ги измие солзите. Погледнав кон небото и почувствував осаменост. Стоев така сама и немоќна на калдрмата која наликуваше на моето скршено срце. Малите светулки се сокрија зад темните облаци. Така чувствувајќи се напуштена ја сфатив иронијата на капките дожд и го почувствував студенилото кое сум го насобрала во себе. Сум станала машина. Гневна машина. Не која гази се пред себе, не сум таква машина… јас се газам себеси. Се газам до болка, си ја копам раната и не и дозволувам да заздрави.
Талкајќи попусто во ноќта, решив да се вратам дома. Седнав на скалилото пред прагот на мојот дом и решив да прошетам низ уличките на мојата душа и да погледнам во излогот на моето минато. За прв пат се решив да видам што има таму. И горко се покаав. Го видов тоа што најмалку сакав. Видов девојче во канџите на еден мршојадец кој бессрамно ја однесе во своето гнездо. Го свртев погледот, немав сила да го гледам тој злочин до крај. Како кукавица избегав. Не сакав да видам каква глупавост може да проникне од едно невино дете. Заради таа глупавост некој сега страда и очајнички се бори да го поправи непоправливото, веќе стореното. Отворајќи ги очите, посакав никогаш повеќе да не се вратам во таа машина која ме вшмукува во тој свет составен од најболни спомени. Создавачот на тој свет го нарекуваат Бог на глупавоста. Сега само спомени ме мелат. Сите мои спомени како лилјак ненаситен ме цицаат, веќе не остана ниту капка крв која ќе пулсира во моите вени. И сега како вампир во црн мантил завиен барам жртва од себеси. Јас ја цицам сопствената крв. Самата себеси си се уништувам. Погледнав повторно безнадежно во небото, со копнеж да најдам сила за да можам да прошетам уште еднаш по моето минато. Сила за повторно да дозволам да ме сомеле машината. Каков апсурд. За неполн миг се најдов повторно проголтана во онаа машина, која долги години ја казнува мојата душа со камшикувања. Погледнав во истиот излог и повторно го здогледав девојчето, повторно заробено во канџи, но овој пат канџите беа на деда си. Каков грешник. Да, девојчето е грешник. Го обвинувам, видов нешто длабоко во нејзе. Знаете што видов? Видов бессрамни допири и бакнежи кој ги нудеше дедото, но овој пат девојчето беше свесно дека тоа не е убаво, не чувствуваше удобност, а поради нејзината веќе проникната глупавост повторно и повторно се фаќаше на истата замка. Зарем девојчето не знаеше да пресече...? Не, не знаеше... Како и секогаш, не знае да каже не... не знае да каже доста!!!!!! Не можејќи да ја издржам оваа војна која се разгоруваше во мене, решив без пасош и виза да ја преминам границата од мојот свет во реалноста. Изморена од талкањето по улиците на мојот свет, отидов да легнам да одморам.
Утредента ме разбудија силните сончеви зраци кои ја осветлуваа мојата соба толку силно. Се сетив на напорната ноќ и решив да размислам за себеси. Знаев дека не можам да го истерам од мене она нешто која ми ја дере кожата, го распарчува моето месо и ја меле мојата душа, но посакав да знам зошто е во мене, кој ја создаде и кога. Се сетив на излогот и таму ги најдов одговорите. Да, таму лежеа сите одговори. Одговорите кои ги пронајдов ги запишав на хартија. Пишувајќи повторно влегов во себе, почувствував како расте возбудата и рацете заиграа танц со моливот на хартиениот подиум. Чекорите на моливот ги создадоа нејасните букви, кои поради треперењето на раката не можеше да ги образува убаво. На подиумот беа напишани следниве одговори: Единаесет години сум ја оставила да ме измачува онаа проклета машина, единаесет години само молчев и не се бранев од шамарите кои ми ги даваше. Но, еве ме повторно немоќно стојам и и дозволувам да ме удира по лицето. Создавач сум јас, Богот на глупавоста, дозволив да ме повредат и сега машината ме враќа во минатото со нејзиното вшмукување да платам за грешките. Ја донесе мојата наивиност, мојата детска наивиност. Наивиноста дозволи да се фатам во замка која ми ја наместија дедото и баткото. Ги задоволив нивните потреби, а потоа ме фрлија како парталава крпа да се борам со оваа машина која ме пустоши. Има ли некој да ми помогне да ја отфрлам од себе, или тука ќе си остане вечно?
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пон Јан 21, 2008 2:19 pm

Моето плишано мече

Зад видикот на моиве очи, во непроветренава одаја се загушувам. Не можам повеќе да го поднесам мирисот на јадот, гневот и тагата. Осаменоста ме гневи и растажува. Посакувам да ја проветрам темнава одаја, да почувствувам свеж воздух низ моиве ноздри, меѓутоа вратата е заклучена, а клучот е заробен некаде во темницата на мојата душа. Прозорците се темни од нечистотијата која се таложела толку долго време.
Ги отворам очите, изворот на моите солзи кои веќе почнале да го преплавуваат моето лице, и гледам наоколу и се прашувам дали е возможно се толку да биде сурово? Во моите прегратки стискајќи го моето плишано мече, речиси задушувајќи го, му се обратив:
-Малечко, не грижи се, јас и покрај се ќе те чувам. Нема да дозволам никој да го уништи твојот живот. Јас веќе ги изгазив трњето за да можеш ти да одиш безбедно без да се повредиш.
И повторно ги затворив очите обидувајќи се да најдам мир во таа одаја, но овој пат таму го видов Малечкото како исплашено седнало во ќош плашејќи се од туѓите прегратки и блискоста. Повеќе ја болеа прегратките отколку осаменоста. Повторно и прозборев подавајќи и ја раката:
-Малечко, јас нема да те повредам, јас ќе те чувам. Се колнам дека никогаш нема да те повредам.
Солзите не престануваа да се откорнуваат од моите очи. Го погледнав плишаното мече, за миг оттргнувајќи го од моите прегратки и во неговите очи прочитав страв. Го стиснав уште посилно до моите гради и реков:
-Го слушаш ли ова Малечко? Се додека моето срце чука, јас ќе те чувам.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пон Јан 21, 2008 2:19 pm

Од мојот агол

Би го сменила сопственото име во Тишина. Толку неизречени зборови пловат врамени во мојот темен агол потонат во океанот од солзи. Тие пловат, а јас се давам. Погледнувам нагоре за да видам дали ќе се појави некој кој ќе ме извлече, но нема никој. Само претам во длабочината надевајќи се дека ќе стигнам на површината и ќе почувствувам копно под моиве нозе по кое ќе можам сама да одам. Ама заборавив дека не знам да пливам и дека цело време гравитацијата ме влече надолу кон дното.
Престанав со моето безнадежно претање и им се препуштив на струите сами да ме носат, како лист кој плови во прегратките на ветрот, и слушајќи го жуборот пробував да го разберам јазикот на океанот од солзи. Таму беа заробени сите неизречени зборови. Се што ми преостана беше само малата надеж дека барем еднаш ќе ја видам светлината која ќе заблеска во мојот агол кој е веќе подолго време в канџите на сенката. Погледнав низ прозорецот и посакав ширум да го отворам и секоја капка солза која не ми дозволува да го почувствувам свежиот воздух како прострујува низ моите ноздри да биде закопана во ровката земја, или барем се надевав дека светлината ќе си го направи своето, дека секоја капка ќе испари, но од другата страна на дебелото стакло владееше мрак, а јас се што можев да видам беа само силуети кои не знаев дали се вистинити или беа само продукција на мојот ум. Се беше толку нејасно. Губејќи ја вербата дека сеуште има надеж за мене, погледнав уште еднаш кон прозорецот мислејќи дека е за последен пат, но овој пат појасно ги видов оние силуети кои мислев дека се само измама на мојот самокритичен ум. Сега толку беа јасни за моиве очи кои беа заслепени толку долго. Беа заслепени од мојот обид за бегство од минатото кое секогаш било во чекор со мене, само претопено во друга форма. Од другата страна на прозорецот видов лица на луѓе исполнети со тага, болка, гнев и се запрашав: Ова ли е мојот живот?
Но, не се откажувам, борбата продолжува и понатаму. Секојдневно очајно расте копнежот за нови видици, но мојот агол е обземен од црните магии на некоја вештерка, проколнат, а јас заробена во окови само ги чекам мршојадците да дојдат и да почнат да клукаат по она што останало од мене. Се што ми остана е само трошка надеж. Надежта е дрвото кое ме задоми во гнездото во неговата крошна и се надевам дека ќе ја разбие црната магија која ме заробила и еден ден ќе полетам слободно не плашејќи се од клуновите на мршојадците.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 32
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пон Јан 21, 2008 5:31 pm

Навистина добри состави. Секоја чест !

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пон Јан 21, 2008 7:29 pm

Фала админе на твојот комплимент. Не знам колку се добри текстовите јас што ги составив, ама се дел од мене и моите чувства се искажани таму. Очигледно е во нив дека поминувам низ тежок период, се соочив со тешкото и болно минато па бидејќи не знам друг начин за филтрација пробав на овој и преку метафори искажав се што ми лежи за да не таложам се во себе
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
aleksandra



Female Број на мислења : 6
Age : 24
Локација : veles
Репутација : 0
Registration date : 2009-02-24

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Вто Фед 24, 2009 5:11 pm

prekrasno... nemam zborovi sekoja cest... a eve eden del od mojata kniga: tagata... bolkata... solzite...strasnoto minato ko neizbrisliva prasINase bese talozele red po red, gorcina po gorcina vo moeto srce. Se prasuvav... zosto bas jas..? zosto?... mozebi srceto ke mi go zacrni so tie temni misli za mene, koe dzirkase samo nadesta, dzirkase samo samodoverbata, deka ke ima za mene spas i svetla idnina. kakva li bese taa ljubov...temna... mracna... mornicava... daleku bese tunelot na mirot, daleku bese nadezta za povtoren procut... no so silata bozja, i bozjiot blagoslov cvrsto i neumorno cekorev za da stignam do nea... daleku bese svoeto jas. Odednas kako silen vetar praten od neboto da me potturna, kako da go izbrisa seto toa, kako seto toa da ostane vo zaboravi taa nesebicna borba da ja ostavi kako mracen spomen, kako zrak vo purpurni boi,no raslakani od ponizensot i sram!od predavsto i lukavstvo, od zelba za pronena na svoeto jas... vo zivotot se minuva, vo ovoj stradalen vek se e minlivo, megu ovoj sebicen narod,lazno e se! mornicavo e se! bolkata dominira vo srcata, gi pece i gori ko vrel kamen od pekolot... ko stransa viulica...
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 32
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Чет Фед 26, 2009 6:22 am

Ммм...добра ескпресија нема што!

Само дечки, со оглед на фактот што сум поминал низ депресивни и мелахолични времиња (екстра многу) кога бев адолесцент и сеа тоа ме прогонува во „поодминатите“ години, искрено од се срце би ве советувал то lighten up! Знам, сфаќам како ви е, знам како е и колку е тешко да се премине во „светлата“ страна и покрај навидум неиспиративната идеја дека светлата страна е нешто што е тапо и нема од каде да се црпи инспирација, ама што порано го средите ова тоа подобро.

Знаете го ова. СЕ во животот настанува поради неисполнатите желби. Сеуште и јас и постарите од мене патиме од неисполнетоста, од желбите и замислите кои никако да ни се исполнат, а тие се исполнуваат, точно под нашите носеви, само ние сме премногу окупирани со самите себе и секогаш го прашуваме фаталното прашање на нашата мизерија а тоа е „Дали навистина јас сум го пребродил тоа?“.
Тогаш се враќаат старите спомени, чувства и пак се фрламе во очај.

Малку сме на форумов, еве 2-3 членови, сите ние со некако си минато, па можеме да си помогнеме со некаква литературна експресија!

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
aleksandra



Female Број на мислења : 6
Age : 24
Локација : veles
Репутација : 0
Registration date : 2009-02-24

ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   Пет Фед 27, 2009 8:57 pm

TAKA E Wink
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Кратки состави   

Вратете се на почетокот Go down
 
Кратки состави
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
..::Книги::.. :: Ваши дела :: Напишете нешто за вашите дела-
Отиди до: