..::Книги::..
Ve molime da se logirate!

..::Книги::..

Македонски Форум за литература
 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Keywords
состави дела
Latest topics
» Жан Пол Сартр
Чет Дек 17, 2015 9:26 pm by GOD

» Што мислите за Буковски?
Чет Дек 17, 2015 9:25 pm by GOD

» Гавранот - Едгар Алан По
Чет Дек 17, 2015 9:15 pm by GOD

» Online после 8 години!
Чет Дек 17, 2015 9:14 pm by GOD

» Sugarfx Light Pack 3.0
Вто Мај 06, 2014 12:07 am by Гостин

» Bread And Wheat.rar
Пон Мај 05, 2014 11:23 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» itnoo!
Вто Апр 17, 2012 3:01 pm by dreamer

Ноември 2017
ПонВтоСреЧетПетСабНед
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930   
CalendarCalendar
Top posting users this week

Share | 
 

 Утеха или успех

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Утеха или успех   Пон Јан 21, 2008 7:02 pm

Ова е еден мал обид за книга и се надевам дека еден ден ќе ја довршам, ама еве нешто од тој обид


Талкајќи по улиците на својот роден крај, Михал размислуваше за се што се случи во неговиот живот. Ја бараше светлата страна на сета таа суровост, на сите тие непријатни доживувања, кои сега се само лоши спомени кои силно влијаат и го притискаат. Колку и да се бори против нив, сепак не може да ги смени нештата, тие остануваат такви какви што се. Никој не може да војува со својот живот. Се што може да направи е својот свет да го пренесува во песните. Меѓутоа, кој го разбира тоа? Дали некој друг ја има таа негова сила да живее со сиот тој товар, а сепак да продолжи напред? Солзите и ден денес се составен дел од неговиот живот. После такво минато, несигурноста носи свои последици кои те туркаат надолу, но сепак неговиот борбен дух не дозволи да се предаде. Но, сигурно повеќето се прашуваат што се случува со тој човек, што бил некогаш и што е сега. Можеби е најубаво приказнава да ја почнеме од почеток.


1

Кога една ѕвезда згаснува, друга се раѓа. Кога некој умира, на друго место мало бебе се раѓа. На 9 септември 1972 година се роди нова ѕвезда, заживеаа очите на едно мало бебе, кое со плачот како да си ја претскажуваше блиската иднина. Со текот на времето растеше, се развиваше, дојде и денот кога го кажа првиот збор, кога порасна првото запче, кога го направи првиот чекор меѓутоа, за жал немаше кој да го забележи тоа. Никогаш ја немаше почувствувано онаа топла прегратка која ја имаат почувствувано многу други деца, никогаш не се израдува и не знаеше какви всушност се чувствата на едно дете кое се развива во нормално семејство.
Михал седеше во својата соба, гушкајќи го крстот и плачејќи му се обраќаше на Бога додека мајка му и татко му се караа во соседната соба:
- Зошто Боже... зошто!? Треба ли уште нешто да почувствувам на своја кожа? Имам само 10 години, зарем мама и тато не можат еден ден да зборуваат нормално? Зарем не можат еден ден да го остават шишето со алкохол? Нека го направат тоа, барем еднаш да ми покажат дека ме сакаат...
А од соседната соба се слушаше пискање, плачење, викање и ‘рскот од секакви предмети и шишиња.
- Немој, престани!!! – пискаше Гразина, мајката на Михал
- Да престанам... ти мене ми кажуваш да престанам!!! –почна да вика Андреј и го скрши шишето полно со вино од ѕидот кој ја двоеше оваа соба со собата на Михал.
- Пак си се опијанил, мирисаш целиот на алкохол освести се што правиш!!!
- Јас да се освестам! Кој те донесе вчера дома, а?! Беше дрво, не можеше да одиш, не знаеше што се случува!!! – ја крена раката за да ја удри, но се повлече и за замена ги расфрли сите предмети кои беа поставени на полиците и додаде – јас сум маж и мене не можеш да ми забраниш да пијам!!! Ти си моја жена и ќе правиш како што јас ќе ти кажам! Ме разбра!
- Да... - тивко додаде Гразина, не можејќи да му се спротивстави.
- Налеј во една чаша од тоа виното во визбата да се напијам уште малку и викни го детето.
- Добро – рече Гразина.
- Не добро, туку ајде оди и направи како што ти реков! – се развика Андреј.
Гразина немајќи многу избор го стори тоа што требаше, го викна Михал, отиде во визбата, каде што го криеше шишето со жесток пијалок кој го испи за миг и легна на земјата не можејќи да стане.
- Кај е оваа мајка ти, а? – Андреј му се обрати на Михал кој седеше в скут на неговата десна нога - 30 минути ја нема, да не... Ако пак се натрескала ќе ја скршам!!!
- Немој тато – плашливо додаде Михал.
- Не грижи се сине, мама и тато пак те сакаат – рече Андреј.
- Ама види го целиот овој неред тато, јас не го сакам ова.
- Ќе се среди нередот, не бери гајле, туку јас да отидам да видам што направи оваа мајка ти, а ти оди легни си, утре треба да станеш рано за на училиште.
- Добро тато- рече Михал и брзо ја заврте главата за да не види татко му како неговиот син плаче и веднаш oтрча во својата соба. Влегувајќи во собата се стрча до прозорецот за да види што всушност со случува со неговата мајка. Не помина минута повторно се слушна трескот и крикот на татко му. Сенката која се движеше наликуваше како Андреј да ја тепа Гразина, меѓутоа Михал сфати дека не се случува тоа баш така како што изгледа, затоа што знаеше дека неговиот татко, иако честопати беше агресивен, никогаш не би ја удрил својата сопруга.
Андреј излегуваше од визбата и ја носеше пијаната жена на раце до нејзиниот кревет. Кога ја легна на креветот дојде Михал и праша со солзи во очите:
- Добро ли е мама?
- Да сине... појди во кујната ќе дојдам по тебе.
Без одговор и немо Михал го стори тоа што му го кажа татко му и почека во кујната, а во неговото срце кое без престан тупкаше, на моменти заблескуваше надеж која во неговата фантазија, како одраз на лицемерие во која сите уживаат, создаваше слика на среќно семејство исполнето со несебична љубов, но суровата реалност секогаш беше тука да го покаже вистинскиот образ.

2

Многу боли кога пред човековите очи се уништува светот на најсаканите. Солзите се јазикот на болката, а децата не умеат да ја сокријат својата болка. Ниту Михал не можеше да ја сокрие, меѓутоа немаше ни кој да ја забележи. Горките солзи беа неговите рани преобразувајќи се во горки белези кои ја обележуваат неговата веќе запустена душа.
Михал веќе беше заспал сам во својата постела стискајќи го сивото мече во своите прегратки. Мечето беше подарок кое го доби од Андреј и Гразина на денот кога полнеше 8 години кој во ноќните часови беше проследен со викотници и кавги. Неговото невино лице имаше израз кој ветуваше дека никогаш во неговиот живот нема да постапи како неговите родители. Покривката која ги оцртуваше линиите од неговото тело мирисаше на прав, меѓутоа Михал веќе одамна се навикнал и тоа не му пречеше. Влагата по аглите на ѕидовите беше како слика насликана од некој врвен уметник осветлена од благата светлина на Месечината, меѓутоа на дневната светлина сето тоа се претопуваше во неуредноста на Гразина. Завесата која лесно паѓаше надолу во паралелна линија со прозорецот беше пожолтена од чадот на веќе изгорените цигари. Часовникот со неуморното отчукување на сказалките како да кажуваше стихови од некоја неиспеана балада, а небото трогнато од убавината на зборовите не можеше да ги запре своите солзи. Зборовите на часовникот и солзите на небото создаваа ритам кој магепсува, кој не дозволува да се вратиш во реалноста, туку те води низ патиштата на сонот, кој е далеку од вистината.
- Михал... Михал... – низ шепот му се обрати Андреј на Михал - ајде стани, време е да се спремаш за на училиште.
Михал полека ги отвори очите, но, овој пат го немаше Сонцето да заблеска право во неговите очи, да заигра со своите зраци по ѕидовите на малата соба како и секое утро. Сега се слушаше само тивкото удирање на големите капки дожд кои потсетуваа на нечии чекори како тупкаат во место.
- Како е мама? – како низ сон праша Михал, но свесен за вчерашната случка.
- Мама сега спие. Не грижи се, ќе биде добро како и секогаш. Ти направив појадок. Ајде сега оди изми се, облечи се, па дојди во кујната да јадеш.
- Добро тато.
Патот до училиштето беше на далечина од 25 минути одење пеш. Бидејќи Гразина и Андреј немаа доволно пари да платат за училишниот автобус, Михал мораше да оди сам по долгиот пат. Овој пат патот беше целиот со помали и поголеми вирови, а на некои места беше непрооден од големите површини кал. Во училишниот ходник, позади него остануваа траги од неговите валкани чевли.
Влезе во училницата, но веќе доцнеше десетина минути. Се извини за задоцнувањето и седна на последната клупа од кај прозорецот каде што погледот често пати го носеше полека и сигурно по патот до неговите фантазии.
- Михал кај си досега, ова не ти е прв пат да доцниш? – го прекори жената која со остар поглед го сечеше погледот на Михал.
Михал молчеше, немаше што да одговори. Не сакаше да зборува за тоа, затоа што знаеше дека неговото зборување нема да го реши проблемот. Само ја наведна главата и продолжи со своето неподносливо молчење кое ја вознемируваше онаа стара жена која и онака не ја интересираше дали Михал има проблем, туку сакаше само да го задржи авторитетот пред да отиде во пензија. Тоа Михал добро го знаеше и само го чекаше моментот кога старата ќе соопшти дека ќе може да седне на своето столче. Но прашањата тука не завршуваа.
- Ја напиша ли домашната задача како и останатите? – праша повторно.
- Да – тивко кажа Михал.
- Молам? Јас не слушнав ништо. Вие деца? Слушнавте нешто?
- Нннееееееееее!!! – како во хор кој не е наштиман се одгласија останатите 23 деца.
Михал не ја сакаше многу бучавата наутро и направи израз на негодување, но за среќа учителката не го забележа тоа.
- Ајде Михал, сите сакаат да знаат дали ја имаш напишано зададената песна за домашна задача.
- Да! Ја напишав.
- А дали сакаш да ја прочиташ?
- Во ред – тивко одговори и излезе на табла завртен кон учениците кои чекаа да слушнат што овој пат има напишано Михал затоа што сите се воодушевуваа на неговите состави и песни.

Остани, ги заплеткав крилата на музиката
Остани, на брегов од звукот сакам да танцувам...
Дозволи да заспијам во овој акт од свеќи
Не сакам да се будам со полуглас од гнев.

Тато не пиј, оди да спиеш
Остави ја мама, остави не нас
Избркај ги гостите, доцна е, нека си одат.
Би сакал некогаш да имам пес
Кој ќе не брани нас
Би сакал некогаш да спијам во тишина.

Слепецу со добро срце стани
Во ноќта... ќе те пренесам преку шума
Ќе те маскирам, никој нема да те познае.
Насмевката ќе се скрие... кажи ја вистината пред Господ.

Тато прегрни не барем еднаш
Кажи дека не сакаш нас
Би сакал некогаш да спијам во тишина
Дали јавето го уништува светот....
Јас го имам својот кога ве нема вас!



Сите ракоплескаа громогласно, а Михал не можејќи да поднесе, избега од училницата и сакаше да отиде некаде каде што ќе започне нов живот.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
GOD
Администратор
avatar

Male Број на мислења : 54
Age : 32
Локација : Heaven
Репутација : 0
Registration date : 2007-11-04

ПишувањеПредмет: Re: Утеха или успех   Пон Мај 05, 2008 1:41 am

Иако до сеа го немав потполно целиов текст прочитано, навистина ми се допадна. Ако сакаш иам некои идеи кои можеш да ги вметнеш, но бидејки сум против таквите работи (јас лично) убаво е да кажеш дали оваа идеја се развила уште повеќе!

_________________
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот http://knigi.forumotion.com
aleksandra



Female Број на мислења : 6
Age : 24
Локација : veles
Репутација : 0
Registration date : 2009-02-24

ПишувањеПредмет: Re: Утеха или успех   Чет Фед 26, 2009 7:20 pm

wisna... mn mi se dopagja... me ostavi bez zborovi... PREKRASNO
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Sponsored content




ПишувањеПредмет: Re: Утеха или успех   

Вратете се на почетокот Go down
 
Утеха или успех
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
..::Книги::.. :: Ваши дела :: Напишете нешто за вашите дела-
Отиди до: