..::Книги::..
Ve molime da se logirate!

..::Книги::..

Македонски Форум за литература
 
HomeGalleryПрашања/ОдговориБарајРегистрирајте сеЧленовиЧленски групиВлез
Барај
 
 

Display results as :
 
Rechercher Advanced Search
Keywords
Latest topics
» Жан Пол Сартр
Чет Дек 17, 2015 9:26 pm by GOD

» Што мислите за Буковски?
Чет Дек 17, 2015 9:25 pm by GOD

» Гавранот - Едгар Алан По
Чет Дек 17, 2015 9:15 pm by GOD

» Online после 8 години!
Чет Дек 17, 2015 9:14 pm by GOD

» Sugarfx Light Pack 3.0
Вто Мај 06, 2014 12:07 am by Гостин

» Bread And Wheat.rar
Пон Мај 05, 2014 11:23 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» Directx 11 Free Download For Windows 7 64 Bit Full Version
Пон Апр 21, 2014 2:59 am by Гостин

» itnoo!
Вто Апр 17, 2012 3:01 pm by dreamer

Септември 2017
ПонВтоСреЧетПетСабНед
    123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930 
CalendarCalendar
Top posting users this week

Share | 
 

 Лична поезија

Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Go down 
АвторПорака
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Лична поезија   Пон Јан 21, 2008 10:02 pm

Забрането овошје

Ноќта се вкоренила во мојата душа.
Јас талкам барајќи малку светлина.
Нешто ќе заблеска еден миг,
А веќе другиот сфаќам дека тоа се
Солзите на мојата душа.

Трагам по нешто забрането за мене.
Трагам по забранетото овошје.
Знам дека сите го вкусија.
Но, јас не барам грев за да ја столчи
Мојата напуштена душа.

Реф Ако си забрането за мене
Нема да те земам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам

Ако си забрането за мене
Нема да те уништам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам.

Пристигнав. Верувај на моите зборови
Нема ни лист, ни кора твоја да земам.
Ќе оставам се како што беше
Само те молам дозволи ми да бидам
Потпрена на твоето стебло.

Во мене длабоко се вгнездила празнина
А само твоето овошје е лек.
Посакувам само да ја чујам
Мелодијата на твојот мирен ветар
Различен од мојата олуја.

Реф Ако си забрането за мене
Нема да те земам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам

Ако си забрнето за мене
Нема да те уништам
Се што сакам е
Покрај тебе да бидам.

Осамена

Ја мразам месечината
која ми се смее в лице.
Таа меѓу толку ѕвезди
не разбира како е да си осамена.
А кога и мојата душа
ќе го напушти моето тело
тогаш што ќе бидам јас?
Ќе бидам душата или телото?
Ако бидам телото
ќе лежам сама во мојот кревет
под калливата и расквасена почва
и се ќе биде исто.
Ако пак, јас бидам душата,
тогаш ќе се вивнам на небото
и заедно со ѕвездите
ќе го красиме небескиот свод.
Но, се додека сум тука на ова парче земја
кај што е пролеана крв
и каде што изумрел друг свет
за да се создаде овој неблагодарен
со мирис на гнилина од бессрамното
уништување на веќе уништениот свет
ќе копнеам по небеската шир.
По месечината која сега без срам се смее
и ѕвездите кои танцуваат околу неа.

Другар

Другар
Мирно спиј, јас ќе те чувам
Не сакам ти да бидеш мој ангел чувар.
Спиј на облакот направен од свила
Долетај ми на рамо со своите крилја.

Другар
Низ ветрот шепни ми дали
Ти недостига некој да те погали.
Иако велат дека не си жив
Во моите мисли вечно ќе живееш ти.

Другар
Небеските порти за тебе се отворени
Вивни се високо во нив.
Во небеските реки полн со живот запливај
Дур’ овде заспиваш.

Другар
Знај секогаш во ѕвездите
Крадешкум ќе ги барам очите твои.
Сакам пак да ги видам насмевките
Оние кои на секој му даваа спокој.

Вистина

Сама,
заѕидана меѓу милион прозорци
ги гледам
како паѓаат и последните борци.
Се вртам наоколу,
љубовта никаде ја нема
гледам маглата како ја обзема.

Ги слушам безшумните чекори на вистината
талкам јас затворена во празнината.

Не можам да се ослободам од овие пранги
a колку посакувам светот
да го допрам со моиве дланки.
Само шепотот проструи како ветар студен
навестувајќи дека секој обид е залуден.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
Wisna

avatar

Број на мислења : 26
Репутација : 0
Registration date : 2008-01-21

ПишувањеПредмет: Re: Лична поезија   Пон Јан 21, 2008 10:06 pm

Моите изгубени сни

Надеж е се што имам, тоа е моето богатство
Свет без сни, тоа е моето мало кралство.
Се сменив и мислев дека тоа е добро и за мене
Не очекував дека празнината ќе ме обземе.

Сите сни се изгубија во темните сенки
Сега се бледа слика, само мои спомени
Заборавив да го живеам мојот живот
Следев нечии стапки, паднав на пониско ниво.

Се смени се, доцна е за назад сега
Треба да научам да го живеам
Мојот нов живот, да го следам тој сјај
Животот си тече, сеуште не е крај.

Ќе се борам, нема тука да сопрам
Нови сни до моето срце ќе допрат
Можеби сега е тешко да прифати
Но знам дека еден ден моето срце ќе сфати.

Надеж

Кога губиш се и нема никој крај тебе
Никогаш не ја губи надежта во себе
Таа е се на што можеш да се потпреш
Оди напред без ништо да те сопре.

Кога сите си одат и грбот го вртат
Знај дека еден ден назад ќе се свртат
Ќе посакаат сите да се вратат назад
А јас ќе простувам се дур не ме згазат.

Но се уште се надевам дека се ќе се смени
Надеж имам и покрај сите проблеми
Не се предавам одам сама до крај
Со надежта во мене никогаш нема да паднам во очај.

Нашиот свет

Една вистина криеш длабоко во себе
Сето студенило го сруши нашиот свет,
Тој свет беше рај за мене и за тебе
Сега е пекол без оган, свет сиот во лед.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Во твоите очи нешто недостига,
Сега тие се сенки на некогашната романса,
Оганот кој пламтеше, одамна стивна,
Го молам твојот ангел чувар за уште една шанса.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Светот кој го создадовме само за нас
Веќе е изгубен во темнина и очај,
Сите ветувања за вечност без страв и ужас
Зајдоа со последниот љубовен сјај.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Мојата усвитена душа сака да го стопи мразот,
Мојот ангел чувар да ме чува од бедност,
Но се што ми треба си ти, покажи ми го патот,
Покажи ми како јас и ти да бидеме едно.

Реф.: Љубовниот пат е послан со трње,
Не е како во бајките, сиот со рози.
На почеток се е совршено розево,
А потоа бојата ја миеш со солзи.

Спас

Колку и да боли, си стојам зад ставот
Не сум споменик, но знам кога сум во право.
Мислев дека со тебе можам се да решам
Но и јас сум Господово чедо, па сфатив дека грешам.

Реф.: Нашата идеална слика гори во пламен
Јас во очај пробувам да ја спасам.
Нашата реалност е тврда ко камен
И уште милион ѕвезди за нас ќе згаснат.

Нашите две срца тонат и се губат
Дали од тој кошмар тие ќе се разбудат.
Моето срце бие на твоите порти
Те моли, нели го слушаш: те молам отвори.

Реф.: Нашата идеална слика гори во пламен
Јас во очај пробувам да ја спасам.
Нашата реалност е тврда ко камен
И уште милион ѕвезди за нас ќе згаснат.

Моите зборови веќе ништо не ти значат
Во сенките нивни се слуша како плачат.
Љубовта и почитта се два различни збора
Јас те сакам, но за почит вечно ќе се борам.

Реф.: Нашата идеална слика гори во пламен
Јас во очај пробувам да ја спасам.
Нашата реалност е тврда ко камен
И уште милион ѕвезди за нас ќе згаснат.
Вратете се на почетокот Go down
Преглед на профилот на членот
 
Лична поезија
Преглед на претходна тема Преглед на наредна тема Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
..::Книги::.. :: Ваши дела :: Напишете нешто за вашите дела-
Отиди до: